Петковски: Од експертска влада со академици до авторитарно управување и навреди кон граѓаните
FinPortal.mk · 12.9.2026 г.
Поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски упати остра критика до денешната македонска политичка сцена, оценувајќи дека земјата доживува драматичен кадровски и интелектуален пад, каде што сериозните државнички капацитети се заменети со партиски импровизации, авторитарно управување и понижувачка реторика кон граѓаните. Во интервју за Телевизија 24, Петковски направи паралела меѓу почетоците на независноста и денешната состојба, потсетувајќи на составот на првата експертска влада од 1991 година. Според Петковски, во првата македонска влада речиси 40 отсто од министрите биле академици, членови на МАНУ и експерти со докажан општествен интегритет, како Цветан Грозданов и Блаже Ристовски. Тој нагласи дека денешните министри во владите се сосема случајни луѓе без никаков професионален или политички бекграунд, оценувајќи дека веќе нема градење и профилирање на политички кадар. Наместо напредок, според него, сведоци сме на ретрограден процес и целосна интелектуална инфериорност. Поранешниот собраниски спикер се осврна и на актуелниот начин на комуникација на власта, остро критикувајќи ги погрдните етикетирања на политичките неистомисленици. Тој оцени дека е недозволиво премиер на една држава да излегува во јавност и своите сограѓани или опоненти што не го поддржуваат да ги нарекува „општествено дно“ или „глодари“. Петковски потсети дека и самиот спаѓа во групата што не ја поддржува оваа власт, но нагласи дека премиерот е премиер на сите и мора да има елементарна култура. Ваквото однесување, според него, е резултат на преголема власт, неограничена ароганција и самобендисаност без каква било институционална контрола. Според Петковски, во земјата е воспоставен авторитарен модел каде премиерот делува како министер, градоначалник, директор на претпријатие и портпарол, додека министрите воопшто не смеат да се појават во јавноста и да заземат став. Тој смета дека ваквата концентрација на власт и отсутноста на институционална контрола одат рака под рака со начинот на кој в