ПЕТКИТ го претстави ТРЕЈС — платформа со вештачка интелигенција за здравствена грижа за миленици
Компанијата ПЕТКИТ, глобален лидер во паметни решенија за грижа за миленици, го претстави ПЕТКИТ ТРЕЈС — поврзана платформа за податоци за здравствената состојба на милениците, заснована на вештачка интелигенција и изградена врз ПЕТКИТ екосистемот. Претставувањето се совпадна со Националниот ден на мачките, а целта е податоците за хранење, пиење, користење на тоалетот и другите секојдневни рутини да се поврзат со ветеринарното знаење, соопшти компанијата.
„Повеќе од 13 години ПЕТКИТ ја олеснува секојдневната грижа за милениците преку паметни уреди. ПЕТКИТ ТРЕЈС е нашиот следен чекор во користењето на технологијата за поддршка на здравјето на милениците. Милениците не можат да ни кажат како се чувствуваат, но малите промени во секојдневното однесување можат да дадат вредни показатели“, изјави В. К. Гуо, основач на ПЕТКИТ. Тој додаде дека поврзувањето на тие сигнали низ рутините и со текот на времето има за цел да изгради поцелосна слика за здравјето на секој миленик и да им даде на сопствениците и на ветеринарите подобри информации за поддршка на грижата.
Платформата моментално се фокусира на три основни дневни рутини на миленикот: јадење, пиење и користење на тоалетот. Таа создава континуирана историја на податоци за секој миленик, која може да се прегледува, помагајќи им на сопствениците да разберат што е нормално, да видат како се менуваат шемите со текот на времето и да донесат појасен контекст во разговорите со ветеринарите. Компанијата планира да ја прошири ТРЕЈС на повеќе аспекти од секојдневниот живот на милениците како што се развива екосистемот.
Меѓу технологиите што го поддржуваат процесот е сопствената вештачка интелигенција на ПЕТКИТ, развивана внатрешно повеќе од пет години. Со машинско учење, технологијата идентификува поединечни миленици и специфични однесувања, а може да означи и настани како течна столица или повраќање за преглед во апликацијата. Развојот на ПЕТКИТ вештачката интелигенција се потпира на база на податоци од реалниот свет, создадена со глобална заедница од повеќе од 200.000 корисници, повеќе од 500.000 мултимодални податочни точки за здравјето на милениците и над 100 милиони итерации на тренирање на вештачката интелигенција. Компанијата соопшти и нови ветеринарни партнерства што ќе го водат понатамошниот развој на ТРЕЈС.