Петир: Двојни стандарди кон Македонија — билатералните спорови не смеат да го блокираат патот кон ЕУ

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Хрватската пратеничка и долгогодишна поддржувачка на Македонија, Маријана Петир, повторно упати силна порака во поддршка на македонската евроинтеграција, критикувајќи ги билатералните пречки што го попречуваат напредокот на земјата кон Европската Унија. По учеството на тркалезната маса „Патот на Македонија кон Европската Унија и хрватското искуство“, Петир истакна дека Македонија веќе 21 година ја чека реализацијата на својата европска перспектива, и покрај спроведените реформи и направените компромиси. „Европската Унија не смее да применува двојни стандарди! Билатералните прашања не треба да бидат пречка за европската интеграција, а националниот идентитет, јазикот и историјата не смеат да бидат предмет на политичко условување“, порача Петир преку социјалните мрежи. Според неа, и покрај тешките компромиси, меѓу кои ја посочи и промената на името на државата, европскиот пат на Македонија и понатаму останува блокиран. Хрватската пратеничка потсети дека за време на нејзиниот мандат во Европскиот парламент ја основала и ја предводела групата „Пријатели на Македонија“, преку која се залагала за европската перспектива на земјата, заемното разбирање и почитувањето на македонскиот идентитет. „Македонија не бара посебни привилегии, туку правичен третман. Хрватска била и останува нејзин искрен пријател!“, нагласи Петир. На тркалезната маса, посветена на македонскиот пат кон ЕУ и искуствата од хрватскиот процес на интеграција, учествувале и дипломатите Владимир Дробњак и Емил Крстевски, амбасадорот Златко Крамариќ и аналитичарот Мирче Адамчевски. Настанот бил организиран од „Хрватско-македонска тангента“ и Хрватската паневропска унија, под покровителство на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. Пораката на Петир повторно го отвора прашањето за билатералните условувања во процесот на проширување и за принципот дека европската интеграција треба да се заснова врз исполнување на критериумите, а не врз политички спорови околу националниот идентите

Петир: Двојни стандарди кон Македонија — билатералните спорови не смеат да го блокираат патот кон ЕУ | FinPortal.mk

Хрватската пратеничка и долгогодишна поддржувачка на Македонија, Маријана Петир, повторно упати силна порака во поддршка на македонската евроинтеграција, критик