Пет нови дигитални платформи ќе ги отворат еколошките податоци за граѓаните

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерството за животна средина најави дека податоците за загадувањето на воздухот и за дивите депонии ќе бидат дигитализирани и достапни за сите граѓани преку пет нови дигитални платформи. Министерот за животна средина Муамет Хоџа денеска информираше дека секоја од петте платформи ќе биде поединечно претставена, а целта е транспарентност и борба против еколошкиот криминал. Според Хоџа, платформите ќе содржат податоци за емисиите на сите загадувачи кои имаат А-интегрирани дозволи, локации каде што има диви депонии и видео надзор, сите проекти кои ги работи министерството, како и внатрешно дигитализирање на архивата на министерството. Со овој процес, како што беше најавено, ќе се скратат и околу 30 чекори во административната постапка во министерството. „Дигитализацијата е алатка за транспарентност и правда, каде што завршува неефикасноста на системот и влијанијата на човечкиот фактор. Податоците ќе се користат за борба со еколошкиот криминал, а податоците ќе бидат достапни на сите граѓани“, рече Хоџа. Првата платформа, наречена „Темели“, ќе им овозможи на граѓаните, медиумите и граѓанските организации да имаат увид во проектите што ги реализира Министерството, нивната вредност, роковите, локациите и изворите на финансирање. Модулот „Јадро“ опфаќа дигитализација на архивата и просторно-информативниот систем, при што дигиталната архива ќе овозможи електронско следење на предметите, увид во нивниот статус и информација за службеникот задолжен за нивното постапување. Овој процес се реализира во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Дигитализацијата на просторно-информативниот систем е веќе завршена и овозможува подобро управување со геопросторните податоци за заштитените подрачја и поголема транспарентност во постапките поврзани со нив. Преку модулот „Време“, Министерството учествува во реформите за поедноставување на административните постапки, со цел граѓаните да се ослободат од сложени процедури. Од околу 30 чекори за поедноставување на постапкит

Пет нови дигитални платформи ќе ги отворат еколошките податоци за граѓаните | FinPortal.mk

Министерството за животна средина најави дека податоците за загадувањето на воздухот и за дивите депонии ќе бидат дигитализирани и достапни за сите граѓани прек