Пештерата Врело во кањонот Матка е најдлабоката подводна пештера во светот — 338 метри истражена длабочина
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пештерата Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек, со истражена длабочина од 338 метри. Овој историски успех беше потврден за време на меѓународната експедиција „Врело 2026“, а за него претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше информирана на средба со учесниците во експедицијата и со членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Средбата се одржа вчеравечер, а од Кабинетот на претседателката соопштија дека Сиљановска-Давкова ги информирала спелеонуркачите за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Претседателката им честиташе на спелеонуркачите за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. Според соопштението од Кабинетот, за Сиљановска-Давкова светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, како и со необичните сознанија за подводниот свет на Врело. Меѓу нив ги наведоа кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници. Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив. Тие ѝ изразија благодарност на претседателката за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата. Претседателката Сиљановска-Давкова им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи. Со истражената длабочина од