Перински: Боледувањата не се скратуваат, се олеснува работата на лекарите
FinPortal.mk · 2.10.2026 г.
Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, во интервју за порталот Република.мк ги објасни предложените измени во системот на боледување и уверува дека правото на боледување не се скратува, туку дека целта е да им се олесни работата на лекарите при утврдување на привремената спреченост за работа. Перински најјасно ја отфрли дилемата што се појави во јавноста, нагласувајќи дека ниту еден ден боледување не се крати. „Не кратиме ниту еден ден боледување. Тоа е најважното нешто што граѓаните треба да го знаат. Ниту денес боледувањето трае најмногу седум дена, ниту со измените ќе трае најмногу пет. Ако пациентот има медицинска потреба да биде на боледување 10, 20, 30 дена или подолго, ќе биде онолку колку што неговата здравствена состојба бара. За период подолг од 15 дена, како и досега, одлучува лекарската комисија на Фондот“, објаснува Перински. Според него, петте дена за кои се зборува во јавноста не претставуваат ограничување, туку период во кој лекарот може да утврди боледување врз основа на медицинска проценка, без примена на дополнителните критериуми предвидени за конкретната дијагноза. Доколку по петтиот ден здравствената состојба на пациентот бара продолжување на боледувањето, матичниот лекар и понатаму може да го утврди до 15 дена, со потребната дијагностика или соодветна специјалистичка проценка согласно дијагнозата. Перински потенцира дека ако пациентот е неспособен за работа, боледувањето продолжува. Единствената разлика, вели тој, е што порано ќе се активира медицинската поткрепа предвидена за конкретната состојба. Како аргумент за ваквата поставеност, тој наведува дека анализите за кои порано се чекало со денови, денес во многу случаи се достапни истиот ден, а дел од основните резултати се добиваат за многу кратко време. Токму оттука, според него, произлегува и медицинската логика на предложените измени. „Нашата логика не е пациентот порано да го вратиме на работа. Логиката е, ако не се чувствува подобро, порано да утврдиме