Пензиските заштеди во вториот столб се законски одвоени од имотот на друштвата, но приносите не се гарантирани, објаснува МАПАС

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Парите што граѓаните ги акумулираат во вториот пензиски столб не се сопственост на пензиските друштва што управуваат со нив, туку претставуваат издвоени средства на членовите на пензиските фондови. Нивната заштита е уредена со законски правила, ограничувања при инвестирањето и постојана супервизија, но вредноста на заштедите зависи и од движењата на финансиските пазари, поради што приносите можат да варираат и не се однапред гарантирани. Ова се клучните појаснувања на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), која во соопштение го објаснува функционирањето на вториот пензиски столб и механизмите за заштита на средствата. Според објаснувањето на МАПАС, во вториот столб дел од задолжителниот пензиски придонес на секој член се уплаќа на негова индивидуална сметка во пензиски фонд. На таа сметка се акумулираат уплатените придонеси и приносите од нивното инвестирање, намалени за законски утврдените надоместоци. Така создадената заштеда, заедно со пензијата од првиот столб, претставува основа за обезбедување приходи по пензионирањето. Од Агенцијата нагласуваат дека една од најважните карактеристики на системот е целосната имотна одвоеност на пензиските средства од имотот на друштвата. Средствата се чуваат кај посебни институции – банки чувари на имот, кои имаат законски обврски за нивно чување и евидентирање. Располагањето со пензиските средства се врши исклучиво согласно законски утврдените правила и во интерес на членовите, што значи дека друштвата не можат слободно да располагаат со парите на членовите како со сопствен имот. Заштитата дополнително се обезбедува преку пропишани ограничувања за инвестирање, дозволени финансиски инструменти, диверзификација на вложувањата и обврски за управување со ризиците. Работењето на пензиските друштва и фондови е под континуиран надзор на МАПАС, кој ги опфаќа инвестициските активности, вредноста и структурата на средствата, финансиската состојба на друштвата и исполнувањето на нивните обврски к

Пензиските заштеди во вториот столб се законски одвоени од имотот на друштвата, но приносите не се гарантирани, објаснува МАПАС | FinPortal.mk

Парите што граѓаните ги акумулираат во вториот пензиски столб не се сопственост на пензиските друштва што управуваат со нив, туку претставуваат издвоени средств