Пензискиот систем покажува тенденција на поголема грижа за високите пензии, додека ниските се систематски запоставени

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонскиот пензиски систем добива преодна оценка кога се споредува со пензиските системи на другите земји, но и со системите внатре во земјата — образовниот, здравствениот, правосудниот и другите. Сепак, таа оценка главно се должи на две причини: учеството на возрасното население е сè уште околу 18 насто, а не 25 или 35 насто како што е во многу европски земји, како и поради добрите решенија сочувани уште од времето на социјализмот. Воспоставувањето на правилата на пензискиот систем и нивното утврдување во законски норми отсекогаш било во рацете на осигурениците што очекувале високи пензии или веќе имале високи пензии. Притоа, пензискиот систем покажува тенденција на „поголема грижа“ за високите пензии. Така, проблемот на ниските пензии бил систематски запоставуван, претворајќи се во една од најголемите слабости на нашиот пензиски систем. И системот добива оценка на неправичност. Пензијата е и економска и социјална категорија. Следејќи го развојот на законската регулатива од првиот Закон за пензиското и инвалидското осигурување донесен во 1993 година па до денес, може да се забележи дека отсуствува грижата за малите, односно ниските пензии. Со овој прв закон е направена т.н. „тивка национализација“ на пензискиот систем, со право на Владата да ги назначува членовите на Управниот одбор и директорот на Фондот на ПИОМ. Притоа, треба да се има предвид дека тоа не значеше само едноставно укинување на СИЗ-от за пензиското и инвалидското осигурување. Оттука произлегува и обврската на државниот буџет да интервенира во воспоставувањето на буџетската урамнотеженост на Фондот на ПИОМ. Во документите на Европската Унија не се употребува терминот „дупка“, туку неурамнотеженост или дефицит, бидејќи тој збор за пензионерите има призвук на пејоративност со елементи на навредливост. Втората непринципиелност е што за едни пензијата е исклучиво економска категорија, а за други е само социјална категорија. Тоа не е точно. Пензијата е и економска, но и социјална категорија. Таа е столб

Пензискиот систем покажува тенденција на поголема грижа за високите пензии, додека ниските се систематски запоставени | FinPortal.mk

Македонскиот пензиски систем добива преодна оценка кога се споредува со пензиските системи на другите земји, но и со системите внатре во земјата — образовниот,