Пензискиот систем и вториот столб на дневен ред на мисијата на ММФ во ноември

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Прашањето за пензискиот систем и поставеноста на вториот пензиски столб ќе бидат во фокусот на следната мисија на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, која е планирана за ноември. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска по средбата со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, што се одржа во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка, кои годинава се одржуваат во Бангкок. Според министерката, темата за пензискиот систем е дел од пошироката анализа на состојбите во оваа област и е поврзана со прегледот на јавните расходи (Spending Review) што го спроведува Светската банка. Токму тој преглед го опфаќа и прашањето на пензискиот систем, со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и да се унапреди неговата одржливост. „Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост“, изјави Димитриеска-Кочоска. На средбата со претставниците на ММФ, министерката за финансии разговарала и за реформите во јавните финансии, за буџетот и за инвестициите. Во соопштението од средбата се нагласува дека Димитриеска-Кочоска потенцирала оти Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности насочени кон имплементација на реформите во доменот на управувањето со јавните финансии и кон спроведување дисциплинирана фискална политика, со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а притоа да не се загрози економскиот раст. Министерката посочи дека во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. „Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека се соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на пр

Пензискиот систем и вториот столб на дневен ред на мисијата на ММФ во ноември | FinPortal.mk

Прашањето за пензискиот систем и поставеноста на вториот пензиски столб ќе бидат во фокусот на следната мисија на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, која