Пензискиот систем без реформи до 2035 година ќе акумулира дефицит од над 6 отсто од БДП

FinPortal.mk · 6.10.2026 г.

Просторот за одложување на реформите во пензискиот систем во Македонија се стеснува, а цената на секое понатамошно чекање расте. Според новата анализа на „Фајнанс тинк“, изготвена за потребите на Фискалниот совет, комбиниран пакет реформи во периодот од 2026 до 2035 година би можел да ја намали потребата од буџетски трансфери за околу 337 до 341 милијарда денари, што е приближно 5,5 милијарди евра. Станува збор за кумулативна фискална заштеда во однос на сценариото во кое системот би продолжил да функционира без никакви промени, што во просек би значело ефект од околу 34 милијарди денари, односно околу 550 милиони евра годишно. Структурниот дефицит на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во 2025 година достигнал 54,4 милијарди денари, односно 5,2 отсто од бруто домашниот производ. Доколку не се спроведат промени, дефицитот до 2030 година ќе порасне на 6,3 отсто од БДП, а до 2037 година ќе достигне 6,6 отсто. Ова го предупреди извршната директорка на „Фајнанс тинк“, Благица Петрески, која истакна дека ниедна реформа не е безболна, но колку повеќе се одложува, толку цената ќе биде поголема. Според студијата, проблемот не е само демографски. Од 2023 година расходите за пензии растат значително побрзо од приходите од придонеси, а во 2025 година растот на расходите достигнал 19 насто, наспроти 8,8 насто кај приходите од придонеси. Паралелно со тоа, стапката на фертилитет е 1,6, природниот прираст е негативен, неформалната вработеност повторно расте, а жените и натаму значително помалку учествуваат на пазарот на труд. Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети, нагласи дека се потребни комбинирани, наместо поединечни мерки, бидејќи пензиските реформи имаат долгорочни ефекти и мора внимателно да се дизајнираат. Таков пристап предлага и „Фајнанс тинк“, чиј комбиниран пакет вклучува постепено зголемување на придонесите на 20 насто, индексација на пензиите само со инфлацијата, поголемо учество на жените на пазарот на труд и намалување на неформалност

Пензискиот систем без реформи до 2035 година ќе акумулира дефицит од над 6 отсто од БДП | FinPortal.mk

Просторот за одложување на реформите во пензискиот систем во Македонија се стеснува, а цената на секое понатамошно чекање расте. Според новата анализа на „Фајна