Пензионерите од Прилеп со бастуни и автобус до Битола по пензиите во „Алта банка

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Пред експозитурата на „Алта банка“ во Битола денеска пристигнаа автобуси со пензионери и приматели на социјална помош од Прилеп, кои дојдоа да си ги подигнат парите. Меѓу нив имаше и граѓани кои се движеа со бастун, откако експозитурата на банката во Прилеп не работи по воведувањето на привремена администрација од страна на Народната банка. Граѓаните од Прилеп се принудени да патуваат повеќе од еден час до Битола за да ги добијат своите средства, а патот сè уште се реконструира. Народната банка организираше автобуски превоз од Прилеп, Ресен и Охрид до експозитурата на „Алта банка“ во Битола, за граѓаните од овие градови да можат да ги подигнат пензиите и социјалната помош. Една од прилепчанките кои чекаа во редицата пред „Алта банка“ рече дека наместо вечерва да се подготвува за куќната слава Митровден, морала со автобус да патува до Битола, по пат што сè уште се реконструира, за да си ја земе пензијата. Таа нагласи дека до последен момент не знаеле дали ќе имаат пари за да го дочекаат Митровден, бидејќи во Прилеп не работи експозитурата, а немаат платежни картички. Граѓаните бараат банката да им издаде и исписници за да можат да ги префрлат сметките во други банки. Прилепчани реагираа и поради неизвесноста околу следната пензија, прашувајќи се дали и за следните 20.000 денари ќе треба да доаѓаат во Битола, бидејќи, како што велат, се немоќни да патуваат вака со автобуси. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, вчера најави дека од понеделник, 9 ноември, повторно ќе почнат да работат и експозитурите во Тетово и Струмица. Таму клиентите без платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Народната банка на 1 ноември воведе привремена управа во „Алта банка“ АД Битола. Според изнесените податоци, шест инвеститори се заинтересирани за купување на „Алта банка“ Битола, а со две банки веќе се контактирани, како што рече Славески.

Пензионерите од Прилеп со бастуни и автобус до Битола по пензиите во „Алта банка | FinPortal.mk

Пред експозитурата на „Алта банка“ во Битола денеска пристигнаа автобуси со пензионери и приматели на социјална помош од Прилеп, кои дојдоа да си ги подигнат па