30.10.2026 - Пекабеско АД Кадино, Илинден - Други ценовно чувствителни информации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пекабеско АД Кадино, Илинден, за периодот јануари – септември 2026 година оствари позитивен консолидиран финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, соопшти компанијата преку СЕИНет. Според образложението за консолидираните остварени резултати, во 2026 година нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Пекабеско АД. Остварените вкупни консолидирани приходи од работењето во периодот јануари – септември 2026 година изнесуваат 4.953 милиони денари и се повисоки за 7% во споредба со истиот период во 2025 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99% имаат приходите од продажба на готови производи, стоки и услуги, кои исто така се повисоки за 7% во однос на лани. Вкупните консолидирани расходи во истиот период изнесуваат 4.739 милиони денари и се повисоки за 7% во споредба со 2025 година. Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства за периодот јануари – септември 2026 година изнесуваат 21 милион денари, главно во производствена опрема, компјутерска опрема и градежни објекти. Во овој период не се направени значителни отписи или продажба на материјалните средства. Вкупната консолидирана задолженост на 30 септември 2026 година изнесува 409 милиони денари и во споредба со крајот на минатата година бележи зголемување од 10%. Пекабеско АД за периодот јануари – септември 2026 година нема исплатено дивиденда. Бројот на вработени во консолидацијата изнесува 429, што е за 4 повеќе од минатата година. Од компанијата наведуваат дека работењето е согласно планираните резултати, ликвидноста на компаниите е задоволителна и нема репрограмирање на обврските кон финансиските институции или кон добавувачите во земјата и странство. Залихите на готов производ, стоки и репроматеријали се на соодветно ниво согласно економската ситуација во земјата и странство, а компаниите ги следат економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија заради информации корисн