Парамаунт ја завршува долгата битка: преземањето на Ворнер Брос Дискавери се затвора во вторник
По повеќе од една година преговори, отфрлени понуди, конкурентска борба за купување, низа регулаторни одобренија и антимонополска тужба од државни правобранители, компанијата Парамаунт Скajденс во вторник го затвора преземањето на Ворнер Брос Дискавери. Според CNBC, вредноста на зделката изнесува 110 милијарди долари, а новосоздадената компанија ќе се вика Скајденс и ќе котира на берзата под симболот „SKYD“.
Со ова се спојуваат две од најпознатите филмски студија и новиот конгломерат ќе контролира речиси една третина од основната кабелска програма. Компанијата ја води Дејвид Елисон, кој повеќе од една година се бореше да го преземе филмското студио на ВБД, телевизиските мрежи и бизнисот за стриминг HBO Max.
Во писмо до акционерите, Елисон ја опиша стратегијата како план да се „дефинира следната ера на забавата“. Пред официјалното објавување на договорот со Netflix, правниците на Парамаунт Скајденс упатија писмо до извршниот директор на ВБД, Дејвид Заслав, во кое го доведуваат во прашање „правичноста и соодветноста“ на процесот на продажба и ја обвинуваат ВБД дека го фаворизира Netflix.