Пад на каматите ја намали добивката на Стопанска банка на 38,1 милион евра

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Стопанска банка Скопје ги заврши првите девет месеци од годинава со нето-добивка од 38,1 милион евра, што е за 18,3 отсто помалку од 46,6 милиони евра што ги заработи во истиот период лани. Како главна причина за послабиот финансиски резултат од Банката ги наведуваат повеќето околности, но пред сè пониските каматни стапки. Пред оданочување и резервации, добивката на Стопанска банка изнесувала 52,64 милиони евра, а по издвојувањето на резервациите добивката пред оданочување се сведува на 44,66 милиони евра. Падот, всушност, почнал да се исцртува уште во првото тримесечје, со минус 18 отсто на годишно ниво, а продолжил и во вториот квартал со минус 30 отсто. Главниот извор на банкарските приходи е под удар на промените кај каматните стапки. Нето-приходите од камати се пониски за 7 отсто на годишно ниво и на крајот од септември изнесуваат 62,66 милиони евра. Во тие рамки, најголем е уделот на приходите од кредитните активности. Паралелно со тоа, растот на депозитите и префрлањето значителен дел од средствата од сметки по видување во орочени депозити ги зголемиле каматните расходи. Дел од овој ефект бил компензиран со повисоки приходи од меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност. Значително подобри се движењата кај провизиите. Од пресметаните и наплатени провизии и надоместоци банката инкасирала нето-приходи од 13,26 милиони евра, зад кои стои годишен раст од 38 отсто. Од курсни разлики, пак, се обезбедени 2,40 милиони евра, речиси исто како и во споредбениот лански период. Останатите приходи од дејноста се 7,63 милиони евра и се пониски поради еднократен настан што влијаел врз резултатите во 2025 година, посочуваат од Банката. Останатите расходи од дејноста достигнале 13,92 милиони евра, а трошоците за вработените 17,06 милиони евра. Двете ставки се нешто повисоки на годишно ниво, што Банката го поврзува со инфлацијата и промените на пазарните цени. И покрај послабиот финансиски резултат, Стопанска банка успеала да го зголеми кредитното портфол

Пад на каматите ја намали добивката на Стопанска банка на 38,1 милион евра | FinPortal.mk

Стопанска банка Скопје ги заврши првите девет месеци од годинава со нето-добивка од 38,1 милион евра, што е за 18,3 отсто помалку од 46,6 милиони евра што ги за