Оура се откажа од берзанско котирање вредно 15 милијарди долари, само неколку дена по најавата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Компанијата Оура, производител на паметни прстени за следење на здравјето, се откажа од планот да ги продава своите акции на американскиот берзански пазар, само неколку дена откако официјално го објави тоа. Според британскиот сервис Би-Би-Си, ваквиот потег на компанијата требаше да ја вреднува на 15 милијарди долари, односно 11,3 милијарди фунти. Од Оура соопштија дека го одложуваат котирањето „поради несигурноста на пазарот за првична јавна понуда (IPO)“ и не прецизираа кога би можело да се реализира. Компанијата претходно поднесе официјални документи со кои планираше да собере до 2,2 милијарди долари преку продажба на акции на инвеститорите. Извршниот директор на Оура, Том Хејл, изјави дека „IPO е само еден чекор во нашето патување“ и дека „имаме луксуз сами да го избереме моментот“. Оваа технолошка компанија е најновиот пример за бизнис кој го одложува излегувањето на берза, а експертите велат дека пазарот за првични јавни понуди станува сè понеповолен. Претходно овој месец, американската компанија за нуклеарна технологија Холтек Интернешнл исто така го одложи котирањето, наведувајќи „невообичаено сплет на настани што ја нарушија довербата на инвеститорите во пазарот за нови јавни понуди“. Како причини за влошените услови на пазарот, Холтек ги наведе растот на трошоците за енергија, воените конфликти, глобалните трговски тензии и загриженоста околу инфлацијата, што доведе до зголемување на референтните каматни стапки од страна на централните банки, вклучително и американската Федерална резерва. Оваа недела приносот, односно каматната стапка, на американскиот долг што се отплаќа за 10 години го достигна највисокото ниво од 2007 година. Семјуел Кер, глобален раководител за пазари на капитал во Мерџермаркет, изјави дека „она што сега е јасно е дека сме на многу поинаков пазар за IPO од оној што го замислувавме пред само неколку недели“. Оура планираше да ги продава акциите по цена меѓу 40 и 44 долари на берзанскиот индекс Насдак, што ќе дадеше пазарна вредност од 15