Oura бара 2,2 милијарди долари на берзата во САД

FinPortal.mk · 21.9.2026 г.

Финската компанија Oura Inc., производител на паметни прстени за следење на здравјето и физичката активност, заедно со дел од своите поддржувачи, планира да собере до 2,2 милијарди долари преку првична јавна понуда (IPO) во Соединетите Американски Држави, објави Bloomberg. Според поднесокот до американската Комисија за хартии од вредност, компанијата ќе понуди 50 милиони акции по цена меѓу 40 и 44 долари за акција. Од нив, самата компанија ќе продаде 13,5 милиони акции, додека акционерите ќе понудат 36,5 милиони акции. При највисоката цена од опсегот, пазарната вредност на Oura би изнесувала 14,1 милијарда долари, врз основа на вкупно издадените акции наведени во поднесокот. За споредба, во 2025 година компанијата беше проценета на околу 11 милијарди долари, откако во кругот на финансирање Series E собра 875 милиони долари. Паметните прстени на Oura станаа популарни во последниве години, бидејќи потрошувачите бараат начин да ги следат здравствените показатели со уред што е помалку гломазен од паметен часовник, кој вообичаено бара полнење речиси секој ден. Компанијата е основана во 2013 година и има канцеларии во Оулу и Хелсинки во Финска, како и во Сан Франциско, Сан Диего и Лос Анџелес. Во изминатата година продаде околу 3,6 милиони паметни прстени. Корисниците комуницираат со прстенот преку апликација што им овозможува следење на здравствени информации, како и преку AI-асистентот Oura Advisor. Прстените се достапни во бои како златна, сребрена и темнорозова, а моделот Oura Ring 5 се продава по цена од 399 долари, односно 499 долари за премиум изработка. Компанијата нуди и Oura Membership, услуга што им овозможува на корисниците да следат повеќе од 50 здравствени показатели и да добиваат персонализирани увид во исхраната, планирањето зачнување и плодност, како и следење на терапија и лекови. Заклучно со 30 јуни, услугата имала повеќе од пет милиони платени членови, а плановите во САД чинат 5,99 долари месечно или 69,99 долари годишно. Финансиските резултати покажув

Oura бара 2,2 милијарди долари на берзата во САД | FinPortal.mk

Финската компанија Oura Inc., производител на паметни прстени за следење на здравјето и физичката активност, заедно со дел од своите поддржувачи, планира да соб