Ориенталниот тутун бара заштита: Прилеп домаќин на светски форум по 14 години

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

По пауза од 14 години, Прилеп денес и утре е домаќин на светски форум за ориентален тутун, на кој институции, организации и научници од целиот свет дебатираат за состојбата со производството на овој тип тутун. Централна порака на собирот е дека производството на ориентален тутун треба да се заштити, а градот под Маркови Кули е избран како домаќин поради долгата научна традиција во оваа област — во Прилеп, како што беше истакнато, веќе 102 години постои научна мисла за производство на тутун. Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оцени дека е многу значајно што токму во градот се дебатира за состојбите со производството на ориенталниот тип тутун. „На вистинско место се собрани научниците и дебатираат за оваа доходовна индустриска гранка, не само за Прилеп, туку и за Македонија“, рече Проданоски, потсетувајќи на повеќе од еден век научна традиција во производството на тутун во градот. Министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, на форумот истакна дека е значајно што на овој начин Македонија се мапира на светската мапа како една од најголемите земји производители на тутун, особено прилепскиот регион, каде што тутунот е значајна култура со речиси 30 милиони килограми тутун на годишно ниво. „Во економски бројки тоа значи дека 150 милиони евра влегуваат во државата. Опфаќаме голема групација на земјоделци, со што потенцираме колку се значајни и колку државата се грижи за нив“, рече министерот Серафимовски. Според него, производството на ориенталниот тип тутун има побарувачка, а Македонија е меѓу поголемите производители. „Потребата е да се прошири како култура, но треба да бидеме внимателни во однос на европските регулативи. Деновиве одржавме состаноци со тутунопроизводителите и се очекува годинава да има слични цени како лани, плус субвенцијата од државата, при што ќе има мало реформирање на цените“, изјави министерот за земјоделство. На форумот се обратија и претставници на меѓународните тутунски организации. Џенаро Масиело, претседател на Унитап Европа, истак

Ориенталниот тутун бара заштита: Прилеп домаќин на светски форум по 14 години | FinPortal.mk

По пауза од 14 години, Прилеп денес и утре е домаќин на светски форум за ориентален тутун, на кој институции, организации и научници од целиот свет дебатираат з