FinPortal.mk

Оракул со нов бран отпуштања: најтешко погодени развивачите на софтвер и инженерите во облачната инфраструктура

FinPortal.mk  · 
Оракул со нов бран отпуштања: најтешко погодени развивачите на софтвер и инженерите во облачната инфраструктура

Најновиот бран отпуштања во Оракул најтешко ги погоди развивачите на софтвер, инженерите и менаџерите во дивизијата за облачна инфраструктура, покажува документ до кој дошол Business Insider, а пренесува Yahoo Finance. Според документот, во организацијата „America Cloud Infrastructure“ на Оракул биле отпуштени 546 работници, што претставува приближно 7,6 отсто од 7.185 вработени опфатени со податоците. Компанијата соопштила дека информацијата ја објавила заради усогласеност со федералните закони за дискриминација врз основа на возраст.

Меѓу сите работни позиции наведени во документот, најмногу отпуштања има на позицијата „софтверски развивач III“ — работата ја загубиле 57 лица. На сите нивоа, развивачите на софтвер сочинуваат околу 17 отсто од вкупните отпуштања. Меѓу најпогодените позиции се најдоа и „главен инженер за основна инфраструктура“ и „програм менаџер IV“.

Кога ќе се соберат податоците за целата дивизија за облачна инфраструктура, позициите што го содржат зборот „менаџер“ опфаќаат 128 од отпуштањата, односно близу една четвртина од сите наведени прекини во документот. Само позициите „програм менаџер“ опфаќаат 61 отпуштање. Значајни загуби претрпела и единицата за поддршка на центри за податоци, каде биле отпуштени 41 работник, меѓу кои и потпретседателот на дивизијата и двајца високи директори.

Повеќето работници наведени во документот имале над 40 години, а приближно еден од шест имал најмалку 60 години. Оракул не откри колку вработени вкупно отпуштl минатата недела. Компанијата имала околу 141.000 вработени пред најновите отпуштања. Во фискалната година што заврши на 31 мај 2026 година, Оракул укинал околу 21.000 позиции — близу 13 отсто од работната сила — при што дел од намалувањето го припишува на воведувањето на вештачка интелигенција.

Најновиот бран отпуштања се случува додека Оракул го апсорбира наглиот раст на капиталните трошоци поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Приходите на дивизијата за облачна инфраструктура пораснале 121 отсто на годишно ниво во последниот квартал и таа останува еден од најважните мотори на раст на компанијата. Оракул соопшти дека планира да потроши меѓу 90 и 95 милијарди долари за изградба на центри за податоци во фискалната 2027 година. Финансиската директорка Хилари Максон им рекла на вработените на состанок на компанијата минатата недела дека отпуштањата не треба да се разберат како директива за работа со помалку ресурси. Планот за преструктуирање зад отпуштањата има вкупен проценет трошок од околу 2,8 милијарди долари, од кои приближно 2,1 милијарда долари се евидентирани до 31 август, соопшти компанијата.