Опозицијата во Тетово со свирчиња и транспаренти против физибилити студијата за административно-деловниот објект

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Денешната 19. седница на Советот на Општина Тетово помина во тензична атмосфера, откако дел од опозицијата со транспаренти и со заглушувачка врева од свирчиња изрази остро противење на две точки од дневниот ред поврзани со предлог-одлуката за усвојување физибилити студија за изградба на административно-комерцијален објект во Тетово. Како што беше соопштено, расправата по оваа тема траеше неколку часа и силно ги разгоре страстите меѓу советниците. Според изнесеното на седницата, физибилити студијата предвидува на местото каде што сега се наоѓа објектот на Противпожарната единица на Општина Тетово да се изградат две големи згради. Во дел од едната зграда би се сместила администрацијата на општинските јавни претпријатија, додека долниот дел би бил наменет за Противпожарната единица. Опозицијата напаѓаше дека се работи за студија која содржи многу грешки и која дополнително ќе ја задолжи општината за 28 милиони евра. Од друга страна, власта, а особено градоначалникот Билал Касами, ја оправдуваше студијата, велејќи дека таа нуди начини како ќе може да се реши просторниот проблем на вработените од повеќе јавни претпријатија од општината. Во образложението на опозицијата беше посочено дека според математиката во физибилити студијата, Општината на почеток има право на 15 отсто од просторот, од вкупно 60 отсто колку што би ѝ следувале, а преостанатите 45 отсто треба да ги купи од инвеститорот за сума од 7,7 милиони евра, што треба да ги плати во рок од пет години. Советниците од опозицијата укажаа и на неусогласености во пресметките, наведувајќи дека кога на Комисијата за финансии ѝ била образложена студијата, во графата стоело дека изградбата ќе чини 24,5 милиони евра, а во крајниот збир стоело 28,5 милиони евра. Според нив, кога им укажале на грешката, наместо да се коригираат, изготвителите на студијата за два часа направиле нова пресметка и додале уште четири милиони евра за градежни работи. Опозицијата оцени дека е крајно неприфатливо јавен простор што е на градот да се

Опозицијата во Тетово со свирчиња и транспаренти против физибилити студијата за административно-деловниот објект | FinPortal.mk

Денешната 19. седница на Советот на Општина Тетово помина во тензична атмосфера, откако дел од опозицијата со транспаренти и со заглушувачка врева од свирчиња и