Окта со двојно повисоки приходи и раст на добивката од 361 отсто во првите девет месеци
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Компанијата Окта го заокружи третото тримесечје со раст на добивката од 361 отсто и со повеќе од двојно повисоки приходи од продажба, покажуваат податоците објавени од компанијата. Во услови на нестабилни нафтени пазари, геополитички тензии и повисоки трошоци за снабдување и транспорт, Окта заработила 2,062 милијарди денари, односно 33,5 милиони евра. Приходите од продажбата во текот на деветте месеци достигнале 93,7 милиони евра и се повисоки за 105 отсто на годишно ниво. Според компанијата, растот главно е резултат на поголемиот обем на продажба на домашниот и извозниот пазар, како и на повисоките цени на горивата. ЕБИТДА е повисока повеќе од четири пати и изнесува 38 милиони евра, наспроти 8,3 милиони евра во споредбениот лански период, што претставува раст од 356 отсто. Компанијата посочува дека резултатот е поддржан од повисокиот обем на продажба, подобрените комерцијални перформанси и добивките од вреднувањето на залихите. Прилагодената ЕБИТДА, односно без ефектот од вреднувањето на залихите, изнесувала 18,3 милиони евра, двојно повеќе од истиот период минатата година. Побарувачката и зголемената логистичка флексибилност, посочуваат од Окта, значително го зголемиле вкупниот обем на продажба. Користењето на продуктоводот Солун–Скопје дополнително ги зајакнало капацитетите за снабдување на регионалниот пазар, во услови кога снабдувањето и натаму се одвива под построги пазарни услови. Само во третиот квартал приходите од продажба изнесувале 408,7 милиони евра, што е раст од 143 отсто во однос на ланското трето тримесечје. Во тој период нето-добивката е на ниво од 14,3 милиони евра, за разлика од забележаните 3,8 милиони евра една година претходно. ЕБИТДА во третиот квартал се искачила на 16,2 милиони евра, зад што стои годишен раст од 277 отсто. Прилагодената ЕБИТДА за третиот квартал изнесува 4,8 милиони евра, односно 297 милиони денари, и е за 15 отсто повисока во однос на истиот период лани. Паралелно со растот на приходите и добивката, пораснале и оперативнит