Охрид рутински славеше во Куманово, Бутел ја запиша првата сезонска победа

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Ракометарите на ГРК Охрид ја потврдија улогата на фаворит во деветтото коло од машката ракометна Супер лига, совладувајќи го МРК Куманово на гости со резултат 24:28. Во истиот ден, својата прва победа во сезоната ја прослави и екипата на Бутел, која на гостувањето кај Мулти Есенс славеше со 29:31, со што двата натпревари од колото завршија со триумф на гостинските состави. Охриѓани го контролираа текот на натпреварот уште од самиот почеток и на домаќинот не му дозволија да направи изненадување. Куманово поведе само на стартот со 2:1, по што гостинскиот состав со серија од пет погодоци поведе со 2:6. Избраниците од Охрид го одржуваа високиот ритам и на полувреме заминаа со сигурна предност од пет голови при резултат 11:16. Во второто полувреме гостите од Охрид рутински ја одржуваа разликата, која во неколку наврати достигна и највисоки осум погодоци предност. Најефикасни во победничкиот тим беа непогрешливиот Адама Кеита со четири голови од четири обиди и Мартин Карапалевски со четири погодоци. По три пати во листата на стрелците кај охриѓани се запишаа Тилен Стрмљан, Доминик Мате и Мартин Ивановски. Прво име во редовите на МРК Куманово беше Емануел Густаво Фереира Павиа со седум голови од седум обиди. Наум Костов постигна пет погодоци за домашниот состав, додека Карим Мохамед Закарија Али запиша четири голови. Со овој седми сезонски триумф ГРК Охрид стигна до петнаесет бодови и се зацврсти на четвртата позиција на суперлигашката табела. На својата прва сезонска победа во Суперлигата се радуваа ракометарите на Бутел, кои на гостувањето кај Мулти Есенс славеа со резултат 29:31. Гостите го добија првото полувреме со 15:17, а во вториот дел ја зачуваа предноста од два гола за прв триумф. Со овие бодови скопскиот суперлигаш се искачи на десеттото место со вкупно три бода, додека Мулти Есенс остана последен. За утре закажани се три натпревари, а секако најголемо внимание привлекува дебито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Двата денешни натпревари од деветтото коло на машка

Охрид рутински славеше во Куманово, Бутел ја запиша првата сезонска победа | FinPortal.mk

Ракометарите на ГРК Охрид ја потврдија улогата на фаворит во деветтото коло од машката ракометна Супер лига, совладувајќи го МРК Куманово на гости со резултат 2