Одбраната на судијата Ристов бара 90 страни вештачење за да докаже како семејството заработило 350 илјади евра

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Одбраната на судијата Ѓоко Ристов смета дека финансиското вештачење, кое опфаќа 90 страни, ќе докаже како биле заработени 350 илјади евра, но и сите пари што се наоѓаат на сметките во неговото семејство. Ова го изјави адвокатот Давидовиќ, кој е дел од правниот тим на одбраната, информирајќи дека вештачењето сè уште не е целосно завршено и дека тимот е во постојан контакт со вештакот. Според адвокатот, вештакот ги проверил сметките од сите банки за сите шест лица опфатени со постапката, што, како што објасни, бара значително време. „Кажано ми е дека се проверени сите сметки од сите банки за сите шест лица, што бара навистина време. Ќе го видиме вештачењето и ќе го изведеме и како доказ“, рече Давидовиќ. Тој додаде дека одбраната веќе го повлекла барањето за сослушување на сведоците, бидејќи со нив не можеле да стапат во контакт, а и досегашната постапка и изведените докази покажале дека тие сведоци немаат некоја голема вредност во однос на веќе изведените докази. „Нема да докажат ништо ново“, нагласи адвокатот. Давидовиќ дополнително објасни дека правното мислење од професорот Гордан Калајџиев било побарано за ова судење, со цел да се разјасни едно од кривичните дела за кои се гони Ристов, односно „противправно стекнување и прикривање имот“. Според адвокатот, одбраната тврди дека судија не може да биде опфатен со законското битие на ова кривично дело, бидејќи истото се однесува на службено или овластено лице во јавно претпријатие, јавна установа или правно лице кое располага со државен капитал. „Ништо од тоа не е судот“, рече Давидовиќ, објаснувајќи зошто правното мислење е прочитано за да се потсети на правната квалификација онака како што почнал предметот. Адвокатот исто така истакна дека родителите на Ристов заработиле 975 илјади евра за шест години, што, како што рече, ќе се докаже со вештачењето. „Економското вештачење треба да покаже тоа што го покажа и вештачењето на обвинителството, донекаде се совпаѓаат, дека е сосема можно толкави пари да заработат мајката

Одбраната на судијата Ристов бара 90 страни вештачење за да докаже како семејството заработило 350 илјади евра | FinPortal.mk

Одбраната на судијата Ѓоко Ристов смета дека финансиското вештачење, кое опфаќа 90 страни, ќе докаже како биле заработени 350 илјади евра, но и сите пари што се