Од државниот врв порачаа: Наша обврска е да градиме демократска, правна и европска држава
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски упатија честитки до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, со заедничка порака дека обврска на сите е да градат демократска, правна и европска држава. Во честитката на претседателката на Собранието Африм Гаши се наведува дека наша обврска е со почит да го чуваме споменот на сите оние кои се бореле и се жртвувале за слободата, а нивната храброст да ја преточиме во одговорност, единство и посветеност кон демократскиот развој, владеењето на правото и европската иднина на нашата земја. Премиерот Христијан Мицкоски, честитајќи го празникот, порача дека овој 11 Октомври треба да биде ден на нова одговорност да ја чуваме слободата, која, како што вели, не е завршена приказна, туку дело што секоја генерација мора да го продолжи. Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на почетокот на својата честитка се осврна на почетокот на Народноослободителната борба, наведувајќи дека на 11 октомври 1941 година македонските востаници му се придружија на антифашистичкиот демократски фронт, решени да го продолжат патот на илинденците до конечната победа и слобода, формирајќи македонска држава. „На 11 октомври 1941 година, македонските синови и ќерки тргнаа во решителен бој против фашистичките окупатори, бранејќи ја татковината. Во време кога фашистичките сили маршираа низ европските држави, македонскиот мирољубив народ не беше тивок набљудувач на злото, туку патриотски ја прифати обврската за ослободување. Идеја водилка на востанието како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ“, вели Сиљановска-Давкова. Според неа, 11 Октомври не е само важен историски датум, туку тој е незаборавна и небришлива меморија и вечен завет за чување и развој на татковин