Од денеска нови уплатници во банките – ПП 30 станува КТД, денарските сметки добиваат ИБАН-формат

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Од денеска во Македонија почна примената на новите правила во домашниот платен промет, со кои се менуваат досегашните уплатници, ознаките за видот на плаќањето и начинот на означување на денарските платежни сметки. Промените ги опфаќаат сите граѓани и правни субјекти кои вршат плаќања во земјата, а највидливата новина е замената на досегашните обрасци со нови, стандардизирани платни налози со изменет изглед, распоред и називи на полињата. Според новите правила, досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53 се заменуваат со нови платни налози. За граѓаните најзабележлива е промената на кратенките: наместо досегашниот ПП10 се воведува ВГ – внесување готовина, наместо ПП40 доаѓа ПГ – повлекување готовина, додека досегашниот ПП30, кој се користеше за кредитен трансфер во денари, отсега се означува како КТД. Оваа промена директно влијае на секојдневните уплати и исплати што граѓаните ги вршат преку шалтерите на банките и преку платежните услуги. Промени има и кај шифрите за целта на плаќањето. Досегашните нумерички ознаки се заменуваат со нови четиризнаковни алфанумерички шифри, составени од букви или комбинација од букви и броеви, согласно меѓународниот стандард ISO 20022. Како пример, досегашната шифра 262, која означуваше други неспоменати плаќања на правни субјекти, се менува со ознаката NOWS, што значи ненаведено. Оваа промена бара од граѓаните и од претпријатијата поголемо внимание при пополнување на платните налози, бидејќи шифрите повеќе не се само бројки, туку комбинации од букви и броеви. Дополнително, денарските платежни сметки отсега ќе се користат во ИБАН-формат, при што пред постојниот број ќе се додава ознаката МК07. Од банките уверуваат дека тоа не значи дека граѓаните добиваат нови сметки или дека треба да ги менуваат постојните броеви на сметките. Банките ќе ги направат потребните технички приспособувања во електронското и мобилното банкарство, па граѓаните вообичаено ќе продолжат да ги внесуваат податоците за плаќање на досегашниот начин. Измените

Од денеска нови уплатници во банките – ПП 30 станува КТД, денарските сметки добиваат ИБАН-формат | FinPortal.mk

Од денеска во Македонија почна примената на новите правила во домашниот платен промет, со кои се менуваат досегашните уплатници, ознаките за видот на плаќањето