Обвинителството побара притвор за Ива Михаилова откако не се појави на адресата и не се јави во полиција
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Основното јавно обвинителство Кочани достави предлог до Основниот суд во Кочани за определување притвор за Ива Михаилова, откако утринава од судот било известено дека обвинетата не е пронајдена на домашната адреса и дека не ја исполнила обврската за јавување во полиција. Од Обвинителството потврдија дека известувањето го добиле утринава и дека реагирале без одлагање, со предлог за определување построга мерка за обезбедување на присуството на обвинетата. „Обвинителството е известено од судот утрово и веднаш до судот е доставен предлог за определување мерка притвор“, соопштија од Обвинителството. Оттаму посочија и дека судот има можност да постапува по службена должност, без да чека предлог од јавен обвинител. Со тоа, како што велат, постапката можела да се движи и без дополнително чекање на иницијатива од обвинителната страна. Информацијата следува по утринската изјава на претседателот на Основниот суд Кочани, Спиро Борисов, кој потврди дека во 9:40 часот судот добил известување од Министерството за внатрешни работи за Михаилова и дека истото веднаш го доставил до надлежното обвинителство. „Тие треба да дадат предлог за евентуална построга мерка. Потоа судот одлучува по предлогот. По донесување на одлуката, се издава наредба за потерница“, изјави Борисов. Со најновата реакција на Обвинителството, предлогот за притвор веќе е доставен, а следниот чекор е одлуката на кочанскиот суд. Доколку судот го прифати предлогот, ќе биде издадена наредба за потерница, со што ќе се интензивира потрагата по обвинетата. Михаилова се појави во бугарските медиуми и соопшти дека се наоѓа во Бугарија, иако против неа се води судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици и ѝ се определени мерки за обезбедување присуство. Според претходните информации од Обвинителството, уште во октомври 2025 година ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош, а ѝ биле изречени забрана за преминување на државната граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска за јавување к