Обвинителството го оспори вештачењето на Даниловски во случајот „Онкологија

FinPortal.mk · 5.10.2026 г.

На денешното вкрстено испрашување во Основниот кривичен суд во Скопје, каде што продолжи судењето за случајот „Онкологија“, Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната Владимир Даниловски во врска со терапијата на онколошките пациенти. Судењето се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, кои се обвинети за несовесно лекување пациенти. Обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи. Според обвинителството, целта на прашањата била да се види стручноста на ова вешто лице. Вештакот на најголем дел од прашањата нагласуваше дека тоа се онколошко прашање и дека останува на тоа што го дал како мислење и на тоа што во одговорот го појаснил. Даниловски, за конкретен пациент рече дека со дадената терапија контролата и преживувањето било 38 месеци, додека за таква состојба на пациенти просечното преживување со модерна системска терапија е 16 до 24 месеци. На прашање дали му е познато каде во светот во последните 30 години се користеле цитостатици во третман на канцер на црн дроб, вештакот одговори дека не, не му е познато. Прашан дали му е позната токсичноста на комбинираната терапија, вештакот рече дека доколку има несакани ефекти истите треба да се докажат, дали со токсични анализи и лабораториски параметри или оштетени органи, нагласувајќи дека „секој лек има несакани ефекти, не само онколошките лекови“. Обвинителството бараше вештото лице да образложи врз основа на кои официјални протоколи го темели своето давање заклучоци за конкретната употребена терапија дека е правилна. „Ова вешто лице, ако го видите неговото излагање дава заклучоци, меѓутоа не се произнесува од каде го извлекува заклучокот и сметам дека ова е многу битно да го одговори“, појасни обвинителката. Прашан како го коментира давањето конкрет

Обвинителството го оспори вештачењето на Даниловски во случајот „Онкологија | FinPortal.mk

На денешното вкрстено испрашување во Основниот кривичен суд во Скопје, каде што продолжи судењето за случајот „Онкологија“, Обвинителството ги оспори заклучоцит