Обвинителите бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалените плати

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители упатија заеднички апел до Уставниот суд итно да постапи по иницијативите за оценување на уставноста на законските измени со кои по третпат се намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители. Трите институции и организации во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради тоа што Уставниот суд повеќе од осум месеци не донел конечна одлука по поднесените иницијативи за оспорените одредби од Законот за платите на јавните обвинители и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители. Според обвинителите, намалувањето на коефициентите не претставува само прашање на висината на платите, туку директно ја засега самостојноста на Јавното обвинителство и создава сериозна нерамнотежа меѓу судската и јавнообвинителската функција, спротивно на европските и меѓународните стандарди. Тие предупредуваат дека натамошното одложување може да ја загрози самостојноста на обвинителството и да предизвика сериозен одлив на кадар. Од обвинителската фела потсетуваат дека и самиот Уставен суд, во решението за поведување постапка за оценување на уставноста, изразил сомнеж во уставноста на законските измени. Во образложението на судот се наведува дека законодавецот, со намалувањето на коефициентите за пресметување на платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители, навлегол во уставно загарантираната независност и самостојност на јавното обвинителство. Во решението се посочува и дека ваквите законски измени го доведуваат во прашање остварувањето на уставното право на вработените на соодветна заработувачка. Обвинителите сметаат дека секое натамошно одложување е неоправдано, особено имајќи предвид дека Уставниот суд веќе отворил постапка и изразил сомнеж во уставноста на оспорените решенија. Тие предупредуваат дека оспорувањето на принципите на независност и самостојност на обвинителството претставува опасен преседан, кој може да дове

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалените плати | FinPortal.mk

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители упатија заеднички апел до Уставниот суд итно да постапи по иницијативит