ОБСЕ го пофали обвинителството за поефикасното изведување докази и поголемата отвореност во случаите на организиран криминал и корупција

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доби позитивни оценки од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за начинот на кој ги презентира доказите и за транспарентноста во постапките за организиран криминал и корупција. Оценките се содржани во извештајот од набљудувањето на судските постапки во Западен Балкан, претставен на Регионалната конференција „Од хартија до практика: Како реформите во правосудството да дадат резултати во предметите на организиран криминал и корупција“, што се одржува во Будва, Црна Гора. На конференцијата, на покана на ОБСЕ, учествуваат јавниот обвинител Елвин Вели од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, претседателот на Советот на јавните обвинители Башким Бесими и јавната обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Наташа Поп Трајкова. Регионалниот проект за набљудување судски процеси во Западен Балкан го спроведува ОБСЕ со финансиска поддршка од Европската Унија. Според соопштението на обвинителството, извештајот го нагласува фактот што Јавното обвинителство дополнително ги надградува добрите практики за редовна комуникација со јавноста, објавувајќи соопштенија и резимеа и организирајќи брифинзи за случаите опфатени со набљудувањето. Транспарентноста во предметите од висок јавен интерес добива високи оценки, вклучително и во споредба со останатите земји во регионот. Во извештајот се истакнува и видливата посветеност за воспоставување стратешки рамки насочени кон поголема отвореност и отчетност. Како важен чекор во таа насока се оценува усвојувањето на комуникациската стратегија, која според наодите на ОБСЕ е основа за зајакнување на довербата на јавноста и за унапредување на попроактивна и попрофесионална комуникација. „Од аспект на обвинителството, се појавија одредени позитивни практики во однос на ефективното изведување на доказите и постапувањето пред судот. Во неколку предмети, јавните обвинители активно учествуваа во планирањето на судењат

ОБСЕ го пофали обвинителството за поефикасното изведување докази и поголемата отвореност во случаите на организиран криминал и корупција | FinPortal.mk

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доби позитивни оценки од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за начинот на кој ги пр