Нвидиа, Леново и ОпенАИ на конференцијата на МАСИТ во Скопје за агентска вештачка интелигенција
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ на 18 ноември 2026 година во Скопје ја организира својата годишна конференција посветена на новата генерација вештачка интелигенција и нејзината практична примена во деловното работење. Настанот ќе се одржи во „PARK by Ragusa Group“ под мотото „Agentic AI – Turning AI into Real Business Value“, а целта е да се отворат клучните прашања за примената на вештачката интелигенција во бизнисот, економијата и јавниот сектор. Меѓу гостинките на конференцијата ќе биде Патриција Сокалска-Помахо, директорка за развој на бизнисот за Централна и Источна Европа во НВИДИА (NVIDIA), една од водечките светски компании во развојот на технологии и инфраструктура за вештачка интелигенција. На конференцијата свое обраќање ќе има и Маријан Кориенек, директор за корпоративен бизнис за Централна и Источна Европа и Централна Азија во Lenovo Infrastructure Solutions Group, како и Берат Ќамили, Codex Ambassador во OpenAI, кој ќе зборува за преминот од агентска вештачка интелигенција кон поширока примена на овие технологии во економскиот и општествениот развој. Во фокусот на конференцијата е концептот на агентска вештачка интелигенција (Agentic AI) – нова фаза во развојот на технологијата, во која интелигентните системи можат самостојно да извршуваат сложени задачи, да планираат активности и да учествуваат во деловните процеси. Целта е да се отвори дискусија за конкретните можности што овие технологии ги нудат за зголемување на продуктивноста, конкурентноста и иновативноста на компаниите. Конференцијата ќе ја отвори претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, а во програмата е предвидено и обраќање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, чие учество е во фаза на потврдување. Годишната конференција на МАСИТ традиционално ги собира претставниците на технолошката индустрија, деловната заедница и институциите, а овогодинешното издание дополнително ја нагласува улогата на вештачката интелигенција како двигател на економск