Новите мерки на НБРМ: Втор стан на кредит станува потешко достапен за семејствата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Купувањето втор стан на кредит за македонските семејства од 1 декември годинава станува значително покомплицирано. Последните мерки на Народната банка на Македонија предвидуваат построги услови за задолжување, што директно ќе влијае врз кредитната способност на граѓаните кои планираат да купат поголем или втор стан. Според новите правила, максималниот рок за отплата на станбен кредит за втор и секој нареден стан се намалува од 30 на 25 години, а се намалува и дозволениот сооднос меѓу вкупните месечни отплати на долговите и месечниот приход на кредитокорисникот. За едно семејство, купувањето втор стан не мора да значи луксуз, туку едноставно потреба. Бројот на членовите може да се зголемил или децата да пораснале, па станот во кој живеат повеќе не ги задоволува нивните потреби. Но, од 1 декември, ваквото решение станува прилично комплицирано. Новите правила за купување втор стан на кредит значат дека семејствата ќе мора да располагаат со повисока плата, односно вкупен приход, да обезбедат поголемо учество и да прифатат пократок рок на отплата, што носи и повисока месечна рата. Разликата не се состои само во пет години пократок рок на отплата. Тоа може да биде одлучувачко дали банката ќе го одобри бараниот кредит. Клучни за одобрување ќе бидат вкупниот приход на семејството, но и вкупните други финансиски обврски, како на пример задолженост на кредитни картички, по основ на дозволен минус или, пак, врз основа на потрошувачки кредити. Сето тоа влијае врз кредитната способност на лицето што бара кредит. За да се илустрира конкретниот ефект на новите мерки, земен е пример за семејство кое сака да купи поголем стан и му е потребен станбен кредит од 130.000 евра. Првиот стан семејството ќе го задржи и планира да го издава, со што би обезбедувало дополнителен приход за отплата на кредитот. Сепак, и покрај дополнителниот приход од издавање, новите ограничувања значително ја менуваат пресметката. Треба да се нагласи дека ова е илустративно сценарио, а не понуда од конкретна б

Новите мерки на НБРМ: Втор стан на кредит станува потешко достапен за семејствата | FinPortal.mk

Купувањето втор стан на кредит за македонските семејства од 1 декември годинава станува значително покомплицирано. Последните мерки на Народната банка на Македо