Новите електрични автобуси за Скопје со 30 места помалку од донираните од ЕУ, покажува истражување на ЦГК

FinPortal.mk · 30.9.2026 г.

Новите електрични автобуси што Град Скопје треба да ги набави ќе имаат значително помал капацитет од сегашните автобуси на ЈСП „Скопје“, покажува новото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за тендерските постапки во коишто е воочена недоследна примена на Законот за јавни набавки, а грижата за јавните пари, како што се наведува, не била примарна. Според анализата, новите електрични автобуси ќе собираат вкупно 66 патници, што е 20 места помалку од последно купените автобуси од Град Скопје и дури 30 места помалку од автобусите донирани од Европската Унија. Овој податок е централен во истражувањето што го отвора прашањето за оправданоста на ваквата набавка и за грижата за јавните средства. Во анализата на тендерот за набавка на 150 електрични автобуси се наведува дека по две поништени постапки, унгарскиот „Икарус“ и кинескиот „Зонгтонг“, од конкуренти, одеднаш станаа партнери. Тендерот за набавка на електрични автобуси бил спроведен трипати во период од 15 месеци, а со секое повторување учесниците станувале познати, како и нивните цени и понуди, со што се намалувала неизвесноста и се зголемувал ризикот од координација меѓу понудувачите. Во вториот тендер, унгарскиот „Икарус Електрик Зрт“ и кинескиот „Зонгтонг Бас Холдинг“ настапувале како конкуренти, за во третиот тендер да достават заедничка понуда, која била избрана за најповолна. Во победничкиот тим како подизведувач се јавува и ЕВН Македонија, за набавка на станиците за полнење кои ќе ги произведува „Сангроу Дојчланд“, подружница на кинеската „Сангроу пауер саплај“. Победничката понуда не била најниска, туку била избрана откако две поевтини понуди биле отфрлени. Вредноста на набавката е 60 милиони евра, од кои 57 милиони евра се за автобусите, а 3 милиони евра се наменети за станиците за полнење. Овие бројки, според истражувањето, дополнително го поткрепуваат сомнежот дека постапката не била спроведена со целосна грижа за јавните пари. Истражувањето на ЦГК ги опфаќа тендерските постапки во коишто

Новите електрични автобуси за Скопје со 30 места помалку од донираните од ЕУ, покажува истражување на ЦГК | FinPortal.mk

Новите електрични автобуси што Град Скопје треба да ги набави ќе имаат значително помал капацитет од сегашните автобуси на ЈСП „Скопје“, покажува новото истражу