Новиот закон за државна ревизија воведува казни за институциите што нема да ги спроведат препораките на ДЗР
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Новиот Закон за државната ревизија предвидува прекршочни казни за институциите и за одговорните лица што нема да подготват план за спроведување на ревизорските препораки или нема да ги реализираат предвидените мерки. Ова го изјави главниот државен ревизор Максим Ацевски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, пренесувајќи ги клучните новини од законската рамка што треба да ја зајакне одговорноста на јавните институции. Според новите одредби, институциите имаат рок од 30 дена од добивањето на конечниот извештај на Државниот завод за ревизија да подготват план со конкретни активности и рокови за отстранување на утврдените неправилности. ДЗР, како што објасни Ацевски, може да побара корекции на доставениот план доколку оцени дека тој не е соодветен, а потоа ќе проверува дали најавените мерки навистина се спроведени во практиката. Покрај обврската за изготвување план, институциите ќе треба и писмено да известуваат што конкретно презеле за отстранување на неправилностите утврдени со ревизорските извештаи. Извештаите за преземените активности ќе се доставуваат и до органите за надзор, а ДЗР ќе подготвува збирен извештај за спроведувањето на препораките, со што се создава континуиран механизам за следење на реализацијата. „Да, има прекршочни одредби коишто се утврдени за непостапувањето по планот за имплементација на препораките или доколку не се подготви соодветен план за имплементација, како за правниот субјект, така и за одговорното лице коешто е должно да преземе активности за имплементација на мерките. И, секако, извештајот на Државниот завод за ревизија за препораките и преземените активности по дадените препораки се доставува и до Собранието и до надзорните органи за надзор и контрола на самиот субјект“, изјави Ацевски во поткастот. Главниот државен ревизор изрази уверување дека новите одредби ќе ја зајакнат дисциплината во институциите и ќе ја спречат практиката на формално известување без реални резултати. „Веруваме дека ниту еден менаџер нема да си доз