Нови операции сали и ново крило во охридската болница „Св. Еразмо“ до Нова година

FinPortal.mk · 25.9.2026 г.

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото крило, со што ќе добие четири современи операциони сали. Ова го најави министерот за здравство Сашо Клековски, кој информираше дека по повеќе од една година работа со раководството на болницата е затворена финансиската конструкција за завршување на новото крило, инвестиција што ќе надмине два милиони евра. Средствата, како што наведе министерот Клековски, ќе бидат обезбедени од повеќе извори, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, буџетот на болницата, други државни институции и донации од општествено одговорни компании. Според него, веќе е избран добавувач кој треба да ги заврши градежните работи, а постапките за набавка на опрема дел се во тек, додека дел од постоечката опрема ќе биде обновена. „Избран е добавувач кој треба да ги заврши градежните работи, а постапките за набавка на опрема дел се во тек, дел ќе бидат обновени. Јас би ставил рок до Нова година, фактички цела нова болница, да биде ставена во употреба“, рече Клековски. Тој посочи дека од сегашниот капацитет од околу една и пол операциона сала, „Св. Еразмо“ ќе добие четири современи операциони сали. Министерот за здравство оцени дека со тоа ќе биде завршена долгогодишната голгота со овој проект, потсетувајќи дека работите започнале многу одамна. „Со тоа ќе биде завршена оваа голгота која е започната многу одамна, дел од вас и деца биле, претпоставувам, кога сето ова започнало“, рече Клековски, ветувајќи дополнителни активности за подигнување на стандардите во здравството и воведување нови и современи процедури. Клековски оцени дека Охридско-струшкиот регион во повеќе области обезбедува здравствени услуги на високо ниво, притоа како пример посочувајќи ја токму болницата „Св. Еразмо“. Според него, за само две години е постигнато 40 проценти зголемување на бројот на интервенции на колкови, а „Св. Еразмо“ веќе е во кругот на трите најзначајни установи каде што се вршат вакви ин

Нови операции сали и ново крило во охридската болница „Св. Еразмо“ до Нова година | FinPortal.mk

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото крило, со што ќе добие четири совр