Нови измени на Законот за донации: поедноставни процедури, дигитализација и даночни поттикнувања за поголемо донирање

FinPortal.mk · 22.9.2026 г.

Поедноставување на процедурите, полесно користење на даночните поттикнувања и дигитализација на постапките се меѓу клучните прашања што треба да ги адресираат измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Ова беше истакнато на јавната расправа организирана од Конект и Младинската асоцијација ИМКА Битола, со поддршка на Цивика мобилитас, на која учествуваа 65 претставници на институциите, граѓанските организации, деловниот сектор и други засегнати страни. На настанот беа претставени развојот на иницијативата за унапредување на Законот, искуствата на донаторите и организациите во неговата практична примена и предложените измени. Во дискусијата беше нагласена потребата да се создаде попредвидлива и потранспарентна средина што ќе го поттикнува донирањето во јавен интерес. „Повеќе од петнаесет години се зборува за потребата од промени. Денес веќе знаеме што треба да се подобри. Ако граѓанин или компанија сака да донира за јавен интерес, постапката треба да биде јасна, едноставна и предвидлива. Поедноставувањето не значи помала контрола – значи подобар систем, со помалку непотребна администрација и поголема транспарентност. Сега е важно процесот да продолжи и овие решенија да се преточат во закон“, изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект и претседателка на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. „Измените на Законот ќе донесат придобивки за сите вклучени страни. Поедноставувањето на процедурите и отстранувањето на административните бариери ќе ги мотивираат компаниите и граѓаните повеќе да донираат, а организациите полесно да обезбедуваат средства за активности од јавен интерес. Затоа е важно овој процес да не запре и законските измени да бидат усвоени во најкус можен рок“, истакна Виктор Илиев, извршен директор на Младинската асоцијација ИМКА Битола. Во фокусот на настанот беше и дигитализацијата на процедурите поврзани со донациите и спонзорствата, при што претставници на Управата за јавни приходи ги презентираа функц

Нови измени на Законот за донации: поедноставни процедури, дигитализација и даночни поттикнувања за поголемо донирање | FinPortal.mk

Поедноставување на процедурите, полесно користење на даночните поттикнувања и дигитализација на постапките се меѓу клучните прашања што треба да ги адресираат и