Новата законска рамка за пазарот на капитал носи поголема заштита за инвеститорите, порача Јанкуловски во Охрид
FinPortal.mk · 23.9.2026 г.
Модернизирање на регулативата на пазарот на капитал, усогласување со европските правила, развој на нови финансиски производи и повисоко ниво на заштита на инвеститорите се меѓу приоритетите на Министерството за финансии. Ова го порача заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски на 25. годишната конференција на Македонската берза во Охрид, пренесе Пари. Според Јанкуловски, стабилниот пазар на капитал е составен дел од поширокиот финансиски систем, а основа за негов понатамошен развој се макроекономската и фискалната стабилност. „Владата презема клучни активности насочени кон креирање долгорочно стабилен, сигурен и отпорен финансиски систем. Пазарот на капитал е витален сегмент на тој систем, а одржувањето на макроекономската и фискалната стабилност е основен предуслов за негов натамошен раст и развој“, истакна Јанкуловски. Тој нагласи дека Министерството за финансии, како носител на законската регулатива во оваа област, продолжува да работи на подобрување на условите на пазарот и на усогласувањето на домашното со европското законодавство. „Пазарот на капитал е дел од кластерот ‘Внатрешен пазар’ во рамките на Поглавјето 9 – Финансиски услуги, и во таа насока ги следиме европските директиви и регулативи. Една од најзначајните реформи во нашата агенда е токму во оваа област“, рече Јанкуловски. Посебен акцент заменик-министерот стави на новата законска рамка. Постојниот Закон за хартии од вредност се заменува со Законот за финансиски инструменти и Законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност. Двата закона се донесени во 2024 година и имаат одложена примена, а Министерството ги наведува како клучен дел од усогласувањето со европската регулатива. „Со новата регулатива воспоставуваме модерна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар на капитал, усогласена со европските регулативи“, нагласи заменик-министерот. Според него, во Министерството се работи и на измени на двата закона, со цел да се надминат прашањата што се појавиле во