Нова програма за рано учење и развој ќе се пилотира во 11 детски градинки низ Македонија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и експертски тимови, започнува со пилотирање на новата Програма за рано учење и развој, чија цел е унапредување на квалитетот на предучилишното воспитание и образование во државата. Пилотирањето ќе се спроведува во 11 детски градинки низ државата, избрани така што ќе опфатат различни регионални, јазични и социо-културни контексти, со што ќе се овозможи проверка на јасноста, применливоста и соодветноста на Програмата во различни услови и средини во кои функционираат детските градинки. На настан посветен на почетокот на пилотирањето, министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, истакна дека овој процес претставува важен чекор кон создавање поквалитетна воспитно-образовна средина, во чиј центар се детето, неговите потреби, интереси, можности и индивидуален развој. „Во фокусот на новата програма е детето, неговите потреби, интереси, можности и индивидуален развој. Таа е насочена кон создавање услови детето да учи преку игра, да истражува, да стекнува нови искуства, да ја унапредува комуникацијата и активно да учествува“, истакна министерот Велковски. Според изнесеното на настанот, изборот на градинките е направен со намера да се опфатат различни средини, што ќе овозможи проверка на тоа како Програмата функционира во различни услови. На тој начин, како што беше посочено, ќе се утврди дали содржините се јасни, применливи и соодветни за секојдневната работа на детските градинки. Во своето обраќање, министерот Велковски ја нагласи важноста од активното учество на директорите, воспитувачите, стручните соработници и сите професионалци вклучени во процесот. Од нив се очекува да придонесат со своето знаење и искуство, да ги следат тековните состојби, да ги идентификуваат предизвиците и да споделуваат повратни информации што ќе помогнат во понатамошното унапредување на Програмата. „Покрај позитивните искуства, сакаме да дознаеме и со кои