Нова програма за достоинствена работа: Владата, синдикатите и работодавачите потпишаа договор со МОТ за 2026–2030
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Владата на Република Северна Македонија, организациите на работодавачите, синдикатите и Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја потпишаа Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030, со што ја потврдија заедничката заложба за инклузивен економски раст, квалитетни и продуктивни работни места и посилни институции на пазарот на трудот. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по потпишувањето изјави дека со овој чекор се потврдува определбата за создавање поквалитетни, подобро платени и посигурни работни места. Тој ги наведе приоритетите на програмата: унапредување на работничките права, развој на вештините според потребите на пазарот на трудот, поголемо вклучување на младите и жените и намалување на неформалната економија. Дурмиши нагласи дека во партнерство со Меѓународната организација на трудот и социјалните партнери продолжуваат реформите за подобри услови за работа и посилна економија, а успехот на програмата ќе се мери преку конкретните подобрувања што ќе ги почувствуваат работниците и компаниите, бидејќи целта е достоинствената работа да стане реалност за секој граѓанин. Програмата е изработена преку трипартитни консултации и обезбедува рамка за соработка меѓу МОТ и нејзините трипартитни конституенти во Северна Македонија. Таа е усогласена со Рамката на Обединетите нации за соработка за одржлив развој (UNSDCF) 2026–2030, придонесувајќи кон остварувањето на нејзиниот стратешки приоритет за одржлива економија и достоинствена работа. Програмата, исто така, ги поврзува реформите на пазарот на трудот со пошироката агенда на земјата за одржлив развој и со целите за европска интеграција. Клер Харасти, директорка на МОТ за Централна и Источна Европа, изјави дека преку заедничка посветеност и заложба може да се изгради поинклузивен, попродуктивен и поотпорен пазар на трудот. Според неа, со заедничка работа можат да се создадат квалитетни работни места, да се зајакнат институциите на пазарот на трудот, да се поддржи развојот на одржливи п