Нова платформа ќе ги обедини податоците за сите младински проекти во земјата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерството за труд и млади воспоставува платформа преку која на едно место ќе се следат сите проекти наменети за младите, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. Тој ова го соопшти на Регионалниот форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност, што се одржа во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“. Според министерот, паралелно со платформата се работи и на воспоставување систем за следење на младинските политики и на буџетите што локалните самоуправи ги издвојуваат за младите. Велковски истакна дека е неопходно да се унапреди соработката меѓу централната и локалната власт во креирањето и спроведувањето на младинските политики, оценувајќи дека во изминатите години не се работело доволно системски во областа на младите. Тој нагласи дека Министерството веќе подготвило акциски план кој предвидува поинтензивна соработка со општините, особено во делот на младинските совети, младинските центри и службениците задолжени за прашања поврзани со младите. „Во периодов којшто следи ќе имаме навистина интензивни и регионални, меѓутоа и локални средби со сите градоначалници во Македонија, каде што сите овие прашања ќе бидат директно отворени, ќе разговараме за буџетите коишто се издвојуваат за младите и младинските политики во самите општини и на тој начин ќе направиме еден систем да ги следиме буквално политиките како на централно така и на локално ниво“, појасни Велковски. Одговарајќи на новинарски прашања, министерот информира дека се работи и на повторно активирање на европската младинска картичка, со која младите во Македонија повторно ќе имаат можност да користат низа поволности и попусти. „Ја откочивме работата којашто се однесуваше на младинската картичка којашто беше заборавена во Македонија долг период и тоа веќе сме во напредна фаза и тие се неколку проекти коишто директно ќе ги инволвираат младите“, истакна Велковски. На форумот се обрати и градоначалникот на Скопје и претседател на Заедницата

Нова платформа ќе ги обедини податоците за сите младински проекти во земјата | FinPortal.mk

Министерството за труд и млади воспоставува платформа преку која на едно место ќе се следат сите проекти наменети за младите, најави денеска министерот за социј