Нова канализација и пречистителни станици во Преспанскиот регион — чиста средина и подобар живот за над 1.500 жители
FinPortal.mk · 29.9.2026 г.
Во Преспанскиот регион се целосно завршени околу 35 километри канализациска мрежа, а во завршна фаза е изградбата на шест пречистителни станици за отпадни води. Овие инфраструктурни проекти се реализирани преку Програмата „ЕУ за Преспа“, која е финансирана од Европската Унија и се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со националните и локалните институции. Канализациската мрежа е изградена во населените места Претор, Стење, Крани, Долно Дупени и Брајчино. Пречистителните станици за отпадни води се градат во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница, а според планот треба да бидат функционални до крајот на 2026 година. Со овие инвестиции значително ќе се намали загадувањето и испуштањето отпадни води во преспанскиот регион, што е од клучно значење за заштитата на Преспанското Езеро. Од новата инфраструктура директно ќе имаат придобивка повеќе од 1.500 жители. Покрај подобрувањето на комуналните услови и квалитетот на живот, инвестициите имаат и значајна еколошка цел — подобра заштита на Преспанското Езеро. Ова го истакна Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, кој нагласи дека правилното собирање и третман на отпадните води значат почиста животна средина и подобри услови за развој на локалните заедници. Еваут Сандкер, раководител на сектор при Делегацијата на Европската Унија, изјави дека Програмата „ЕУ за Преспа“ е добар пример за сеопфатен пристап кој отвора можности за Преспанскиот регион во насока на обнова на природните ресурси, одржливо земјоделство и туризам, како и унапредување на инфраструктурата за подобро справување со идните климатски промени. Според него, Европската Унија инвестира во инфраструктура која има директно влијание врз подобрувањето на секојдневниот живот на луѓето, но и врз иднината на Преспа. Како дел од инфраструктурните подобрувања, поддршка добива и ЈПК „Пролетер“, преку обезбедување на нови возила за собирање отпад, канти за домаќинствата, како и софтверска и ИТ опрема. Со овие