Нов закон за лекови: планови за недостиг на терапии и кривична одговорност за фалсификувани лекови

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерството за здравство подготвува целосно нов Закон за лекови со кој ќе се воведе постапка за пријавување недостиг на лекови и изготвување резервни планови за случаи кога одредена терапија привремено или трајно нема да биде достапна, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на националната консултација за новото законско решение, одржана во соработка со Светската здравствена организација. Според Клековски, постојниот закон е донесен во 2007 година и досега претрпел повеќе од 20 измени, поради што се пристапува кон изработка на сосема ново законско решение. Новото законодавство ќе ја регулира исклучиво областа на лековите, додека медицинската опрема ќе биде опфатена со посебен закон. Во следната фаза се планира и одвојување на фармацевтската, односно аптекарската дејност во посебен закон. Една од главните новини што ги најави министерот е воведувањето постапка за пријавување недостиг на лекови и изготвување резервни планови за случаи кога одредена терапија привремено или трајно нема да биде достапна. Предвидена е и нова постапка за пријавување несакани реакции од лековите, што треба да придонесе кон поголема безбедност на пациентите. Клековски најави и усогласување на новото законско решение со европските прописи, како и со стандардите на Советот на Европа во делот на фалсификуваните лекови. За првпат, како што рече министерот, фалсификувањето лекови ќе биде предвидено како кривично дело, што ќе бара усогласување и со Кривичниот законик. Одговарајќи на прашање за недостигот на лекови на клиниките, вклучително и на Клиниката за онкологија, Клековски рече дека законот ќе предвиди постапка за пријавување и справување со дефицитарноста, вклучително и можност за обезбедување заменска терапија или друг план. Како пример го посочи лекот „декотин“, за кој во моментов има трајни проблеми со достапноста. Министерот посочи дека во процесот на консултации се вклучени пациентите, фармацевтите, фармацевтската индустрија, клиничките фармацевти и лекарите, а нивните забеле

Нов закон за лекови: планови за недостиг на терапии и кривична одговорност за фалсификувани лекови | FinPortal.mk

Министерството за здравство подготвува целосно нов Закон за лекови со кој ќе се воведе постапка за пријавување недостиг на лекови и изготвување резервни планови