НЛБ Банка со станбен кредит од 2,95% и бескаматно опремување на домот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
НЛБ Банка ги повикува граѓаните што планираат да го решат станбеното прашање да го разгледаат нејзиниот промотивен станбен кредит, кој се нуди со каматна стапка почнувајќи од 2,95 отсто и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот. Според соопштението на банката, понудата е наменета за сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор и сакаат полесно да ги остварат плановите за сопствен дом. Од НЛБ Банка нагласуваат дека сопствениот дом е повеќе од адреса — тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. Затоа, како што велат, купувањето дом е важна финансиска одлука која бара внимателно планирање, а покрај замислата за идниот простор важно е да се разгледаат и можностите за негово финансирање, во согласност со личниот буџет и долгорочните планови. Банката посочува дека е подеднакво важно да се избере и вистинскиот финансиски партнер кој се грижи за буџетот и за трошоците што ги носат купувањето и опремувањето на домот. Токму затоа, како што се наведува, промотивните станбени кредити на НЛБ Банка доаѓаат со атрактивна каматна стапка почнувајќи од 2,95 отсто и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот. Станбените кредити на банката вклучуваат и животно осигурување или осигурување од незгода, што, според соопштението, им помага на корисниците поспокојно да ја планираат иднината, со дополнителна заштита од непредвидени настани. На тој начин, како што се истакнува, кредитот не е само финансиска конструкција за купување на недвижност, туку и дополнителна сигурност за домаќинството. Покрај финансирањето на купувањето, НЛБ Банка мисли и на моментот кога ќе се пронајде идеалниот простор и ќе се појави желбата и потребата од негово уредување. Затоа, во рамките на промоцијата, банката покрај станбениот кредит нуди и бескаматен кредит за опремување на домот, во соработка со Нептун. Така, со поддршката за купувањето и за опремувањето на едно место, како што велат од банката, станот побрзо