26.10.2026 - НЛБ Банка АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

НЛБ Банка АД Скопје, системски значајна банка во Република Северна Македонија, во првите девет месеци од 2026 година остана силно фокусирана на реализација на стратешките приоритети дефинирани во Стратегијата 2030, со фокус на развој на основната банкарска активност, дигитална трансформација, модернизација на деловната мрежа, одржливо финансирање и унапредување на клиентското искуство. Активностите беа насочени кон создавање долгорочна вредност преку профитабилен и одржлив раст, ефикасно управување со ризиците и одговорно користење на капиталот, се наведува во анализата на финансиските резултати за периодот 1.1 – 30.9.2026 година. Деловното опкружување остана стабилно и отпорно, поткрепено со солидна економска активност. Реалниот раст на БДП забрза од 3,1% во првиот квартал на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, додека стапката на невработеност изнесуваше 11,3%. Инфлациските притисоци покажаа знаци на забавување, при што годишната стапка на инфлација изнесуваше 2,7% во септември 2026 година. Надворешното окружување сепак остана извор на неизвесност, при раст на извозот од 10,3% и увозот од 11,0% заклучно со август, проследено со зголемен трговски дефицит. Според анализата на билансот на состојба, на 30.09.2026 година вкупната актива на Банката достигна 159,4 милијарди МКД, што претставува раст од 13,1% во однос на истиот период од претходната година и 1,6% во однос на крајот на 2025 година. Кредитите и побарувањата од други комитенти достигнаа 111,0 милијарди МКД, што претставува значителен раст од 18,7% на годишно ниво и 8,3% во однос на крајот на 2025 година. Кредитирањето претставува главен двигател на зголемувањето на активата, што е во согласност со долгорочната деловна ориентација на Банката, според која растот на кредитното портфолио е еден од клучните двигатели на билансниот раст. Кредитите кон нефинансиските друштва бележат годишен раст од 19,4%, потврдувајќи ја континуираната кредитна поддршка на корпоративниот сектор. Кредитите кон домаќинствата бележ

26.10.2026 - НЛБ Банка АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации | FinPortal.mk

НЛБ Банка АД Скопје, системски значајна банка во Република Северна Македонија, во првите девет месеци од 2026 година остана силно фокусирана на реализација на с