НКЕУ-МК ја одржува 75. дијалог-сесија за евроинтеграциите и реформските поглавја 23 и 24

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Клубот на пратеници ја одржува 75. дијалог-сесија, посветена на темата „Придонесот на структурираниот дијалог кон евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија: Од ,,темелите" и пошироко". Настанот претставува продолжување на континуираниот формат на консултации меѓу институциите, експертската јавност и граѓанскиот сектор, чија цел е да го следи и да го поттикне напредокот на земјата на патот кон членство во Европската унија. Според соопштението на НКЕУ-МК, на отворањето на сесијата се најавени воведни обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Јетон Шасивари, амбасадорката на Република Словачка во земјава Ивета Хрицова, како и на извршната директорка на Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА) од Братислава, Јитка Иванчикова. Во име на НКЕУ-МК обраќање ќе има националната координаторка, универзитетска професорка на УКИМ и претседателка на Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК), Милева Ѓуровска. Во рамки на воведниот дел од сесијата е предвидено потпишување меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК), како носител на НКЕУ-МК. Со овој чекор се формализира институционалната соработка меѓу ресорот за внатрешни работи и конвенцијата, која веќе подолго време функционира како платформа за структуриран дијалог за евроинтегративниот процес. Работната програма на 75. дијалог-сесија опфаќа три панел-дискусии. Првиот панел е насловен „Правосудство и темелни права (Поглавје 23)", на кој ќе дебатираат државниот секретар во Министерството за правда Дајанчо Ефтимов, потпретседателот на Европското движење ЕММК, амбасадорот Мухамед Халили, судијката во Апелациониот суд Скопје Оља Ристова, обвинителката во Републичкото јавно обвинителство Лиле Стефанова и извршниот директор на Здружението „Сите за правично судење", Дарко Аврамовск

НКЕУ-МК ја одржува 75. дијалог-сесија за евроинтеграциите и реформските поглавја 23 и 24 | FinPortal.mk

Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Клубот на пратеници ја одржува 75. дијалог-сесија, посветена на