Никовски: Брисел нема намера да ја прими Македонија додека не се откаже вториот протокол

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Ако малку подлабоко се анализираат политиките на Брисел во сите овие 35 години, јасно ќе се види дека Унијата нема намера да ја прими Македонија. Тоа е оценката на Ристо Никовски во неговата колумна, во која тврди дека преговарачката рамка е главен доказ за таквата политика и дека со неа Македонија никогаш нема ни да се приближи до Брисел, камоли да стане членка. Според Никовски, рамката воопшто не е случајна и не е скроена само врз бугарски историски синдроми. Тој потсетува дека таа беше подметната како „француски предлог“, а Париз воопшто не крие дека стои зад рамката, која ја оценува како тотално нелегална. Претходно, како претседавачи со ЕУ, слично се однесувале и Германија и Португалија, што според него е веќе некаков консензус против Македонија. Причините за таквата политика на ЕУ, пишува Никовски, воопшто не се случајни: влеземе ли во ЕУ како Македонци, дефинитивно се затвора „македонското прашање“. Тоа би била симболична, но и трајна потврда од 27 европски држави дека има одвоен македонски народ и автохтон македонски јазик, што никој потоа нема да може да ги негира. Токму тоа е суштината зошто се спречува нашето членство, смета колумнистот. По прогласувањето независна македонска држава, клучната намера на главниот меѓународен фактор беше, и сѐ уште е, дефинитивно затворање на „македонското прашање“ — но со бришење на Македонците, а не со нивно прифаќање. По распадот на СФРЈ, токму заради реализација на таа цел, како што наведува Никовски, бевме секојдневно исправени пред голготи: непризнавање, блокади, ултиматуми и уцени. Таквото сценарио беше замислено во Вашингтон, а Брисел целосно го поддржуваше и го поддржува. Врз основа на таа намера е и сегашното финале, оценува тој: со агресивен притисок наместо во ЕУ, Македонците да бидат побугарени. Во дипломатијата и политиката, нагласува Никовски, ништо не е случајно. Во истиот контекст, Брисел никогаш не го користи терминот „македонски народ“, а да не зборуваме за „Македонци“, додека изразот „македонски јазик“ ма

Никовски: Брисел нема намера да ја прими Македонија додека не се откаже вториот протокол | FinPortal.mk

Ако малку подлабоко се анализираат политиките на Брисел во сите овие 35 години, јасно ќе се види дека Унијата нема намера да ја прими Македонија. Тоа е оценката