Николовски: Царината нема да толерира криминал во своите редови, секој осомничен ќе одговара

FinPortal.mk · 14.9.2026 г.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, изјави дека оваа институција беспрекорно и жестоко ќе се бори против криминалот во своите редови, нагласувајќи дека секој вработен осомничен за криминални дела ќе биде санкциониран. Изјавата дојде како одговор на новинарско прашање поврзано со осомничениот помошник директор на Царинската управа, кој неодамна беше уапсен поради примање мито. Николовски потсети дека уште на 14 април, на денот на Царината, во своето обраќање до сите вработени јасно ја пренел пораката дека институцијата нема да покажува толеранција кон криминалот меѓу своите службеници. Според него, резултатите од таа определба се видливи во изминатите 26 месеци, кога санкционирани биле царински службеници од најниските слоеви, а сега, како што рече, случајот стигна и до еден од повисоките слоеви во Царината. „На 14 април, на денот на Царината во мое обраќање, пратив порака до сите вработени во Царинската управа дека беспрекорно и жестоко ќе се бориме против криминалот во нашите редови и тоа го покажавме во овие 26 месеци од царинските службеници во најниските слоеви, а еве сега до еден од повисоките слоеви во Царината. Секој кој што работи и се осомничи дека работи криминални дела ќе биде жестоко санкциониран и во таа смисла еве ги доказите“, изјави Николовски. Директорот на Царинската управа појасни дека институцијата која ја води ќе преземе сè што е потребно и што е во нејзина надлежност, но истовремено нагласи дека постапката за конкретниот случај ја води надлежното Обвинителство, додека апсењето го извршила полицијата. Според него, Царинската управа ќе чека комуникација од надлежните органи и потоа ќе преземе соодветни мерки во рамки на своите овластувања. „Ние како Царинска управа ќе преземеме се што е потребно и во наша надлежност, меѓутоа оваа постапка ја води надлежното Обвинителство, полицијата го изврши апсењето и ние ќе чекаме комуникација и ќе преземеме мерки“, посочи Николовски. Изјавата на директорот на Царинската управа доаѓа во момент к

Николовски: Царината нема да толерира криминал во своите редови, секој осомничен ќе одговара | FinPortal.mk

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, изјави дека оваа институција беспрекорно и жестоко ќе се бори против криминалот во своите редови, нагласувајќ