Николоски во Брисел: Реформите ги спроведуваме целосно, ветото од Бугарија е единствената пречка

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Заменик-претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на Европската Унија, во организација на тинк-тенк организацијата „Пријатели на Европа“ што се одржа денеска во Брисел, изјави дека Македонија успешно ги спроведува реформските процеси и дека е целосно посветена на спроведувањето на Планот за раст на Европската Унија. Тој нагласи дека поддршката за проширувањето на Унијата е голема и дека јавното мислење во земјата дава силна поддршка за членство во Европската Унија. Според него, Македонија бележи трет најголем економски раст во Европа, со раст на бруто-домашниот производ од 4,3 отсто во вториот квартал од оваа година. „Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3 отсто, што е трет највисок во Европа“, изјави Николоски на панелот. Тој потенцираше дека за земјата е многу важна политичката, економската, но и меѓуетничката стабилност и кохезија, нешто кон кое, како што рече, се стремеле во минатото. Според него, кога се гледа целата слика, земјата се движи во добар правец. Николоски истакна дека Македонија е целосно посветена и усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, и тоа не осумдесет или деведесет отсто, туку целосно, односно сто отсто. Како единствена причина зошто земјата не напредува, тој го посочи ветото од Бугарија. „Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80 отсто, не 90 отсто, туку 100 отсто. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал, е ова вето од Бугарија“, се обрати Николоски. Тој оцени дека поддршката од Европската Унија за Македонија е голема и дека голем сигнал е тоа што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доаѓа во Скопје. Според него, работите дефинитивно се менуваат и ситуацијата со Украина и Молда

Николоски во Брисел: Реформите ги спроведуваме целосно, ветото од Бугарија е единствената пречка | FinPortal.mk

Заменик-претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на Европската Унија, во организација на тинк-тенк организацијата „Пријатели на