Николоски во Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и економскиот раст на Македонија добија потврда од Европската Унија

FinPortal.mk · 30.9.2026 г.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, престојува во дводневна работна посета на Брисел, каде учествува на официјални средби организирани од Европската Комисија. Според неговите изјави, главните теми на разговорите се актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, Планот за раст, како и процесот на интеграција и проширување на Европската Унија. Николоски оцени дека инвестициите во инфраструктурата и растот на македонската економија се препознаени и потврдени од страна на Европската Унија, што, како што нагласи, е особено значајно за државата. „Овие два дена сум во посета на Брисел, на средби со претставници на Европската Комисија, каде ќе разговараме за актуелните економски, инфраструктурни политики во државата, како и за процесот на интеграција и на проширување на Европската Унија и секако за Планот за раст каде што Македонија бележи огромни резултати, каде што Македонија е лидер во регионот“, изјави Николоски. Тој посебно го истакна своето учество на главната сесија организирана од „Пријатели на Европа“, на која, како што рече, ќе учествуваат околу 200 лидери од Европа, меѓу кои пет комесари, претставници на Европската Комисија, преку 20 европратеници, премиери на држави, вицепремиери, министри и претставници на бизнис секторот. Според Николоски, на оваа сесија ќе се разговара за иднината на Европа и на Европската Унија, како и за она што ја определува иднината на поширокиот европски континент. Тој најави дека во текот на утрешниот ден ќе се обрати на Самитот посветен на транспортните коридори, каде со високи претставници на Европската Унија и на европските финансиски институции ќе се разговара за развојот на коридорите. „Утре исто така ќе бидам дел од транспортниот самит каде што заедно со генералниот директор на Европската инвестициска банка, Роберт де Грот, банка којашто инвестира многу во Македонија, од којашто добивме 150 милиони евра грант за изградба на железницата на Коридорот

Николоски во Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и економскиот раст на Македонија добија потврда од Европската Унија | FinPortal.mk

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, престојува во дводневна работна посета на Брисел, каде учествува на официјални с