Николоски од Подгорица: нова авиолинија Скопје–Подгорица и излез на Македонија кон пристаништето Бар

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, за време на работната посета на Подгорица, најави воспоставување нова авиолинија меѓу Подгорица и Скопје, како и поврзување на Македонија со пристаништето Бар преку идниот автопат Скопје–Блаце. Според соопштението по средбите, договорот за директниот лет се очекува да биде потпишан во многу кратко време, што ќе значи уште еден главен град со кој Македонија ќе биде авионски поврзана. Во рамки на посетата, Николоски оствари средби со премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ, со вицепремиерот за европски и надворешни работи Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт Радош Зечевиќ. На средбите, како што е наведено, се разговарало за блиската соработка меѓу двете земји и за нивното поврзување, при што била договорена новата авиолинија Подгорица–Скопје и поврзувањето на пристаништето Бар преку изградбата на автопатот Скопје–Блаце. Николоски изјави дека изградбата на автопатот Скопје–Блаце веќе почнала и дека тој проект значи отворање на Македонија кон трето пристаниште. „Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје–Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментот градиме и автопатска и железничка конекција. Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар“, изјавил Николоски. Министерот за транспорт истакнал дека на средбите станало збор и за авионското поврзување меѓу двете држави. „Очекувам во многу кратко време да се потпише договор којшто ќе значи директен лет помеѓу Скопје и Подгорица, со што ќе имаме уште еден главен град со којшто сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развојот на туризмот, но исто така и за развојот на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова е добар начин да продолжиме да с

Николоски од Подгорица: нова авиолинија Скопје–Подгорица и излез на Македонија кон пристаништето Бар | FinPortal.mk

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, за време на работната посета на Подгорица, најави воспоставување нова авиолинија