Николоски: Очекуваме Бугарија да ја испорача Михаилова, не смееме да подлегнуваме на провокации

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Македонија очекува од Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската Унија, да ги испорача лицата што се бараат со меѓународна потерница, за да се соочат со правдата. Тој ова го порача во гостување на телевизија Алфа, во врска со случајот со обвинетата Ива Михаилова, за која денеска беше распишана меѓународна потерница откако деновиве избега во Бугарија. Николоски потсети дека Министерството за надворешни работи имало доста прецизна комуникација за овој случај и оцени дека станува збор за класично бегство од правдата. „Кажаа дека таа практично избегала од Македонија, а денеска е распишана и меѓународна потерница. Беа прилично јасни дека се работи за класично бегство од правдата. Очекуваме Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската Унија и како развиена демократија во која се почитува владеењето на правото, да ги испорача лицата што се бараат со потерница за да се соочат со правдата“, рече вицепремиерот. Во врска со реакциите во Бугарија и најавите за средби на високо ниво со Михаилова, Николоски нагласи дека државата не треба да подлегнува на провокации. „Како што реков, МНР веќе искажа став и немам што дополнително да додадам. Ова не е првпат, имаше вакви случаи и во минатото. Мислам дека треба да бидеме паметни и да не паѓаме на провокации. Во Европа има институции кои кажуваат дали се прекршени човековите права или не. Прво, има домашни институции: Комисија за заштита од дискриминација, судови и други органи. Доколку не им веруваат на нив, тука е Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Колку што знам, таа личност нема ниту поднесено апликација таму, а камоли судот да донел одлука. Доколку добие пресуда од релевантна европска институција како Стразбур, ќе ја почитуваме. Но, врз основа на никакви докази и факти, јасно е дека се прави само политичка злоупотреба“, рече вицепремиерот. Според изнесеното во изворот, најголемиот проблем во целиот случај е тоа што СДСМ работи со одр

Николоски: Очекуваме Бугарија да ја испорача Михаилова, не смееме да подлегнуваме на провокации | FinPortal.mk

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Македонија очекува од Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската Унија, да ги ис