Николоски: Македонија е апсолутен лидер во реформите од Планот за раст на ЕУ, во ноември пристигнува нова транша од 75 милиони евра

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонија е апсолутен лидер во спроведувањето на реформите во рамки на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, а резултатите од реформските процеси веќе се преточуваат во конкретна финансиска поддршка за државата. Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“, пренесувајќи дека во ноември се очекува нова транша од 75 милиони евра да пристигне на сметката на македонскиот буџет. Според Николоски, со оваа нова исплата вкупните средства исплатени врз основа на спроведените реформи ќе надминат 225 милиони евра. Тој потсети дека досега во буџетот веќе се слеани преку 150 милиони евра, коишто се резултат на реформите што државата ги спроведува како дел од Планот за раст. „Ако споредите со останатите земји во регионот, бенифициите се гледаат. Вчера имавме средба со евроамбасадорот Рокас, и веќе во месец ноември 75 милиони евра треба да легнат на сметка на македонскиот буџет“, изјави вицепремиерот. Николоски дополнително објасни дека покрај директните буџетски средства, државата користи и значителни грант компоненти во конкретни инфраструктурни проекти. Како пример ги наведе работите на патот Кичево – Букојчани, каде што се обезбедени 20 милиони евра грант, како и почетокот на работите на делницата Скопје – Блаце пред еден месец, за што се предвидени 40 милиони евра грант. Тој посочи и дека за третата фаза од железничката врска со Бугарија се обезбедени 149 милиони евра грант. Вицепремиерот се осврна и на можноста за дополнително зголемување на финансиската поддршка за земјите од регионот што спроведуваат реформи. Според неговите очекувања, сè поизразено е разграничувањето меѓу државите што напредуваат во реформските процеси и оние кај кои тој напредок изостанува. „Она на што јас се надевам, е дека веќе се направија две групи на земји во регионот. Едната е онаа коишто спроведуваат реформи, а тоа се: Македонија, Црна Гора и Албанија, и втората е оние коишто не

Николоски: Македонија е апсолутен лидер во реформите од Планот за раст на ЕУ, во ноември пристигнува нова транша од 75 милиони евра | FinPortal.mk

Македонија е апсолутен лидер во спроведувањето на реформите во рамки на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, а резултатите од реформските проце